ВМРО-ДПМНЕ: Средства од ребалансот за дислоцирање на депонијата во Тетово

Централната власт итно, со ребалансот на Буџетот, да предвиди средства и да почне постапка за дислоцирање на депонијата во Тетово, бара ВМРО-ДПМНЕ.
Како што изјави денеска Ивица Ѓорѓески, Општина Тетово и надлежните институции се глуви на апелите и барањата на граѓаните, а градоначалничката Теута Арифи нема намера да го реши овој проблем.
- Сред лето, на помалку од еден километар од градот се наоѓа целото ѓубре кое се собира во Тетово. На стотина метри од градскиот пазар и на десетина метри од стопанските и станбените објекти се наоѓа дива депонија која функционира во субстандардни услови. Од 100 до 150 тони ѓубре дневно се собира во градот и се складира на несоодветно место, а поради неодговорноста на градските служби се случува со денови делови од градот да останат со несобрано ѓубре по контејнерите поради што низ целиот град се појавуваат по десетина мини диви депонии под прозорите и пред вратите на граѓаните, укажа Ѓорѓески.
Според него, проблемот со депонијата е премногу сериозен за да се премолчи.
- По лошото искуство со струшката депонија, граѓаните на Тетово со право се плашат дека тоа може да се повтори и во нашиот град. Само што овојпат последиците ќе бидат несогледливи, предупреди Ѓорѓески.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
