ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и несериозно е Заев да се фали со изградбата на канализациона мрежа во 21 век
Аболицираниот Заев заедно со неговата криминално рекетарска банда 3 години имаа заборавено на граѓаните, заборавено на ветувања, а на државата и граѓаните им донесоа само порази, разочарувања и понижувања.
Срамно и несериозно е Заев да се фали со изградбата на канализациона мрежа во 21 век, среде Европа.
Но граѓаните веќе не веруваат во неговите и политиките на СДСМ, токму поради оваа причина чичко Сами од Арачиново му порача дека додека тој зборува за некакви си милиони, тој нема ниту 100 евра во својот џеб, симболички укажувајќи за сиромаштијата која царува за време на неговото владеење.
Повеќе од 500-тини илјади граѓаните изминатите три години ги поминаа со еден оброк во денот, живеејќи во апсолутна сиромаштија, додека Заев и неговата криминална банда ги броеше милионите стекнати преку криминални тендери и грантови. Додека обичниот граѓанин размислуваше како ќе го преживее месецот, бандата ги броеше милионите напикани во скапи „Луј Витон“ чанти и бараше нов начин како да го ограби сопствениот народ.
Политичката кариера на Зоран Заев е завршена и се почесто ќе се среќава со примери како чичко Сами и баба Перса, луѓе кои не можат повеќе да ги премолчуваат неговите лаги и манипулации. А, граѓаните најгласни ќе бидат на 12 април кога Заев и неговата банда, ќе ги испратат во политичка пензија.
Ново на Сител
-
Ќе се испитуваат крв и урина од возачот на камионот
-
Снег во Словенија
-
Претреси во Кичево, пронајдена дрога
-
Мицкоски: Имам чувство дека состојбата во Украина ќе ја зголеми цената на струјата на берзите
-
Лекарот обвинет за смртта на Метју Пери, се изјасни за виновен
-
Утре и викендов повремен дожд, во сабота пообилни врнежи и силен ветер
-
Мицкоски: На ДУИ им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат
-
Двајца лекари и еден техничар загинаа во сообраќајката кај Прилеп