Македонија
22. July 2022 - 11:02

ВМРО-ДПМНЕ: Според СДСМ Славјанка Петровска во исто време е и министер и пратеник

Според СДСМ Славјанка Петровска во исто време е и министер и пратеник.

На веб страницата на СДСМ во делот на пратеничка група, Славјанка Петровска е составен дел од пратеничката група, иако таа повеќе од половина година е министер за одбрана.

Според СДСМ Петровска е и министер и пратеник.

Ова ја отсликува реалноста во власта. СДСМ и на Извршната власт и на Законодавната власт гледа како на едно исто, односно Собранието за нив е само извршител на владата.

Предавникот Ковачевски и неговите ментори носат одлука, а пратениците на СДСМ се само гласачка машина.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ