ВМРО-ДПМНЕ со забелешки за новоформираниот совет за култура

ВМРО-ДПМНЕ новоформираниот совет за култура го оценува како совет за лечење фрустрации на СДС и Сорос и му препорачува да биде многу внимателен како ќе постапува, бидејќи, како што велат, мнозинството граѓани не го поддржуваат понижувачкиот однос кој тие го имаат кон македонската историја.
- Роберт Алаѓозовски не формираше совет за култура, туку совет за лечење фрустрации и варваризам. На членовите на овој совет не им беше доволно рушењето и сквернавењето споменици во платеничката револуција на СДС и Сорос, туку сега планираат покрај јадењето живи луѓе да ги изедат и спомениците на македонските херои и победи. Секој непромислен чекор на Алаѓозовски и советот против македонската историја и македонските херои, може да повлече соодветни последици, рече Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава дадена пред Фондацијата Отворено општество.
Владе Милчин од Сорос, Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев и уште плеада други војници на СДС и Сорос, додаде, седнаа во фотелјите во Министерството за култура каде „наместо да водат грижа за културното наследство, водат грижа за сопствениот бес и политиката на сеење омраза и поделби во општеството“.
- Овие луѓе кои плукаа по спомениците во платеничката револуција на СДС и Сорос, Алаѓозовски ги постави во советот за лечење фрустрации и варваризам за да го советуваат како да ги уништува спомен одбележјата на македонската историја. Овие луѓе кои за историските херои зборуваат со понижување, хероите кои гинеле за Македонија ги нарекуваат „булумента“, плукаат по Никола Карев и Илинденците, и најавуваат дека ќе ги минираат, рушат, топат и уништуваат спомениците, сега истите тие луѓе ќе му ги даваат овие совети на сталинистот Алаѓозовски. За овие луѓе како Владе Милчин, Ѓунер Исмаил и Мирослав Грчев, оддавањето почест кон историски важните личности во создавањето на македонската држава било навреда за нивната интелигенција, потенцира Милошевски.
Ново на Сител
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
-

Одбележување на Светската недела на вселената
-

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика
