ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Заев државата осиромашува и се празни
Неспособната влада на СДСМ не успеа да го реализира ветениот грант за млади лица од 10.000 евра, а ги укина мерките за кредитирање на физички и правни лица и вработувањата за деца без родители и родителска грижа.
Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија осиромашува и се празни.
Граѓаните живеат во беда и сиромаштија, а сведоци сме на масовното иселување на млади луѓе кои поради негрижата од страна на СДСМ се принудени да ја напуштат земјата.
Граѓаните добро знаат дека економските политики на СДСМ се катастрофални. Граѓаните знаат дека СДСМ единствено врши партизација на институциите.
Поради катастрофалните политики на СДСМ, Македонија падна седум места на листата на „дуинг бизнис„. Тоа е доказ за корумпираноста и неработењето на оваа влада на чело со Зоран Заев.
СДСМ и Заев мора да си заминат, многу брзо доаѓа обнова на Македонија и вистинска грижа за граѓаните.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството