ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ долгот надмина 60%, прекршени се Мастришките критериуми
Македонија со СДСМ и официјално ги прекрши Мастришките критериуми. Јавниот долг е 60.3% и земјата е влезена во категоријата на високо задолжени држави.
СДСМ континуирано го зголемува јавниот долг, откако се на власт истиот порасна за скоро 2 милијарди евра. Додека само во последните 6 месеци истиот е пораснат за милијарда евра.
Власта ја задолжува Македонија, а нема никаков план за развој. Со новиот ребаланс кој е во Собрание се гледа дека се крати од капитални инвестиции и проекти.
Во овие тешки моменти нема ниту повеќе пари за здравството, ниту пак инвестиции.
СДСМ продолжува со буквална неработа. Исто како што имаа цело лето време за инвестиции во нови болнички капацитети и не го направија тоа, па сега броиме уште колку слободни места имаме во болниците и до кога.
Целиот хаос во кој се наоѓа државата здравствено – економски е директна последица на СДСМ и нивната неработа.
438 ново заболени вчера се уште еден доказ за тоа. Власта ниту има концепт ниту знае како. Македонија тоне со СДСМ. Заев и Филипче потфрлија, а штетите од тоа се огромни и се бројат во човечки животи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024