ВМРО-ДПМНЕ: Со реформата во УЈП неспособната влада наметнува уште една глоба за граѓаните
Владата на СДСМ преку реформата во УЈП наметнува уште една глоба за граѓаните. Овој пат мета на нејзината алчност се токму извозниците на интелектуални услуги кои заработуваат во нашата земја.
Владата сака преку успешните да го полни буџетот, за да ја покрие сопствената неуспешност и криминал.
СДСМ и Зоран Заев сакаат да ги земаат парите на граѓаните директно од нивниот џеб. Укинувањето на банкарската тајна е директна умисла за ново даночење на граѓаните кои заработуваат продавајќи интелектуални услуги на глобалниот пазар.
СДСМ и Зоран Заев удираат против секој кој е успешен и кој нашол начин да заработи, без да мора да биде уценет од Зоран Заев и криминалната свита околу него.
Дополнително со ваквата мерка се нарушува приватноста на граѓаните. Увидот во банкарските сметки отвара можност за корумпираната влада да врши уцени, притисоци и рекет врз граѓани.
Законските измени во Законот за банки, кои ги предвидува власта се во директна спротивност со Уставот и чл. 25, кој ја гарантира приватноста на граѓаните и нејзината неповредливост.
Власта по кој знае кој пат ќе го прекрши Уставот.
Додека власта ќе ги гледа банкарските сметки на кои има чесно заработени пари, криминалните бизниси на власта продолжуваат да цветаат.
Сите законски прекршување направени од оваа власт ќе подлежат на соодветни санкции кога во Република Македонија ќе се врати правната држава.
Ново на Сител
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден