ВМРО-ДПМНЕ со протест пред МНР бара да се соопшти за што се преговара

ВМРО-ДПМНЕ попладнево ги продолжи протестите, според донесената одлука на Извршниот комитет на партијата во саботата во Битола, да протестираат денеска и утре од 17 до 19 часот. За разлика од минатата недела кога беа блокирани крстосници во центарот на Скопје, раководството, членови и симпатизери на партијата протестираат пред Министерството за надворешни работи.
Протестот се одржува во пресрет на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, закажана за в среда во 15 часот. Со неа претседава Антонио Милошоски, а шефот на дипломатијата Бујар Османи соопшти дека ќе одговори на барањето на опозицијата да присуствува и да реферира по единствената точка од дневниот ред – Разгледување на прашањето за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, а во контекст на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.
Опозициската партија од МНР и Владата бара да биде објавено за што конкретно се преговара за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, во пресрет на португалското претседателство. Нивниот став е дека не прифаќаат ниту дел од декларацијата донесена во Парламентот на Бугарија во октомври 2019 година да биде дел од преговорите кои деновиве се водат интензивно.
-Од седницата в среда бараме конкретни информации од министерот Османи, да го сослушаме и да видиме што има да ни каже нам, како претставници на народот во тој парламент, околу тоа за што и како преговараат. Според Устав, Македонија е независна и суверена држава и секој што ќе се одлучи ова да го прекрши, односно ќе се обиде за дел од таа декларација на Бугарија, ќе значи дека го нарушува Уставот и за тоа еден ден секако ќе одговара, изјави на протестот пратеничката Дафина Стојановска.
Дали и по комисиската седница в среда ВМРО-ДПМНЕ ќе ги продолжи протестите, таа рече дека останува да одлучат откако седницата ќе се одржи и тогаш ќе го соопштат ставот.
Ново на Сител
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
-

Расчистена тешка кражба во Гостивар - приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато
-

Успешно завршени градежните активности за целосна демонтажа од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје
-

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо за голови постигнати за Реал Мадрид во една календарска година
-

Прочистувачи во градинките во општина Кисела Вода
-

Денеска календарски ни започнува зимата и е најкраткиот ден во годината
