ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со штитеничката заслужува разрешница и одговорност
Негрижата и неодговорноста на институциите во случајот со силуваното девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје е само одраз на неспособноста на Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска.
Очигледно дека еден ваков скандал воопшто не може да и го расипе викендот на министерката која без око да и трепне најавува дека после викендот ќе се решавал случајот кој ја потресе јавноста во кој било силувано и забременило девојче, а потоа истото абортирало. Замислете девојче за кое државата презело одговорност да се грижи, поминува низ тешки моменти, а министерката дури утре комисиски ќе го разгледува.
Министерке Царовска, престанете да ги гледате судбините на децата како обична бирократија. Овој скандал заслужува разрешница и одговорност, пред се од вас како ресорен министер. Недозволиво е институциите да молчат и прашање е уште колку вакви слични случаи се имаат случено, а за кои јавноста никогаш не дознала.
Одговорност министерке Царовска ќе има, но јавноста најмалку што очекува од вас е заради вашата надреденост над институциите, вие да понесете во најмала рака политичка и морална одговорност и да си поднесете оставка.
Марија Андоновска, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Путин: Русија не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји
-
Маестро Шукри ги израдува децата со дијабетес
-
Експерти на ОН ги повикаа производителите на оружје да не го снабдуваат Израел
-
Нормализиран сообраќајот на патот Берово - Струмица
-
Притвор за велешанец за закани и насилство врз својата мајка
-
ЕВН Хоме ја прифати понудата од АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови електрична енергија
-
Владата на Израел повтори дека е посветена на уништувања на Хамас
-
РСЕ: Се очекува ЕУ делумно и постепено да ги укинува мерките против Косово