ВМРО-ДПМНЕ: Скандалите и криминалите на функционерите на СДСМ, Зоран и Вице Заев нема да останат неказнети
Криминалите на СДСМ излегуваат на виделина.
Секојдневно граѓаните се сведоци на низа скандали кои ја тресат владата на СДСМ.
Радмила Шекеринска, министерката за одбрана е вмешана во уште еден сомнителен тендер, каде што постои сомнеж за проневера на буџетот од над 250.000 евра. Една машина грејдер модел ГР 1605 во Србија чини 108.000 евра, а Шекеринска во Македонија го набавува за 232.426 евра.
Згора на тоа на повидок е нов бонбона бизнис. СДСМ на 50-тина дена пред избори го раскрчмува Тиквешко езеро и целиот воден фонд на Црна Река. Се отвора можност концесијата на Црна Река во целост да потпадне кај приватен партнер близок до СДСМ.
Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во случајот „Рекет“.
Со ова само се докажува дека Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет“. Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет.
Јавното обвинителство ова не смее да го премолчи и да останат пасивни набљудувачи.
Ваквите скандали и криминали не смеат да останат неказнети. По 12-ти април ќе следува одговорност како за криминалите, така и за нивните прикривачи во институциите.
По 12-ти април, откако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите ќе следува обнова на правосудниот систем кај што сите ќе одговараат пред законот и правото.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол