ВМРО-ДПМНЕ: Сите манипулации што Костадин Костадинов се обидува да ги протне во јавноста не поминуваат

СДСМ е партија водена од аболициран криминалец која што изминатите три години ги злоупотреби судството и обвинителството да ги претвори во продолжена рака за нивното погубно политичко дејствување.
Сите манипулации што Костадин Костадинов се обидува да ги протне во јавноста не поминуваат. Зоран Заев го раководеше телото за реформи во судството и пред година велеше дека судството било отворено како пупка. Всушност тој оваа позиција ја искористи за да си обезбеди ослободителна пресуда во случајот „Поткуп“ и случајот „Пуч“.
Докази дека судството и обвинителството се ставени под капата на Заев и СДСМ има многу. Нема никаква правна разврска за случајот во кој Заев јавно повикуваше на изборна корупција, нема никаква правна разврска за градоначалникот Курто Дудуш кој што затвори и тепаше граѓанин во неговата градоначалничка канцеларија.
Нема никаква правна разврска за скандалот „Леонардо“ во кој што до гуша е заглавен генералниот секретар на владата, Драги Рашкоски. Нема никаква правна разврска за мафијашките пресметки по градските улици и хотели во Скопје. Нема правна разврска ниту за крвавиот тендер, ниту за „Рекет 2“, ниту за случајот „Инсулин“ и другите афери во кои директно се врзува и министерот Венко Филипче. Нема правна разврска за уште десетици други афери и скандали во кои што функционерите на СДСМ се вмешани.
Од друга страна гледаме силување на правдата и политички прогон за сите оние кои се неистомисленици на Зоран Заев и СДСМ. Лицемерието на Костадинов и СДСМ ќе биде казнето на 12-ти април.
По 12-ти април ќе почне обновата на Македонија и функционирањето на правото и правната држава.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
