ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов за две години својот имот го зголемил за над 200 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Петре Шилегов од СДСМ за две години успеал својот личен имот да го зголеми за над 200 илјади евра, со што според нив, за брзо време претендира да ја надмине според имотниот лист и поседувањето станови неговата сопартијка Радмила Шекеринска.
Андон Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес - конференција рече дека зад превезот борба против режим, Шилегов успеал за две години добро финансиски да се издигне и побара одговор од него да појасни како.
- Зошто Шилегов не објасни дали по добро разработен план сам себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа? Дали сам себе си наплаќа месечен надоместок за адвокатски услуги од сопственото адвокатско друштво? Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво, праша Чибишев и додаде оти секој граѓанин би бил заинтересиран да дознае кој е рецептот на политичарот Петре Шилегов за, вели, волку брзо богатење.
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
