ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е минато
Данела Арсовска е најдоброто за градот, на Скопје му треба способен менаџер, Шилегов е минато. Арсовска е успешна жена претприемач, Шилегов е успешен во местење тендери. Арсовска е натпартиски кандидат, и ќе биде градоначалник на сите граѓани, Шилегов е градоначалник и се залага само за интересот на тесна клика околу него.
Данела Арсовска е личност со импозантна биографија зад себе, со докажани и признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија. Работи како меѓународен експерт кој ги креира политиките за интегритет за лидерите на земјите од Г20.
Арсовска е една од само четири жени во светот во раководството на Светската федерација на комори како единствен форум кој раководи со повеќе од 12.700 стопански комори од целиот свет.
Наспроти Данела Арсовска е Петре Шилегов, кој за едно противпожарно возило какво што во Загреб е купено за 800.000 евра плаќа 1.700.000 евра. Шилегов кој потроши 12.5 милиони евра пд продажбата на градската куќа, а никој не знае на што. Шилегов кој вети и ненаправи тунел под Кале, и продолжување на булевар Илинден. Шилегов кој нема ниту 20% реализација на програмата.
Изборот е помеѓу неспособност и компетентност, помеѓу ароганцијата на Петре и транспарентноста на Данела.
Време е за промени. Време е за напредок.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
