ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се подготвени да носат неуставни закони за да се амнестираат од одговорност
Институционално рекетирање веќе не смее да се повтори!
Амнестија за криминалот не смее да има!
Целиот октопод мора да биде разоткриен и санкциониран. Правдата мора да ги стигне сите партиски и владини функционери, но и останати опскурни ликови вклучени во криминалот на цело со главата на октоподот.
Злоупотреба на институциите за политички притисоци и изнуда на пари е недозволива во иднина.
Зоран Заев и корумпираното друштво околу него се исплашени бидејќи се фатени живи во криминал.
Зоран Заев и СДСМ не ги интересира европската иднина на Македонија.
Зоран Заев и СДСМ ги интересира само како да спасат жива глава и да бидат амнестирани за злоделата што целата јавност ги виде.
Зоран Заев и СДСМ се подготвени да носат неуставни закони, спротивно на европската пракса и меѓународните конвенции за да се амнестираат од одговорност.
Зоран Заев и СДСМ сакаат конфузни и неодржливи решенија само за да може на мала врата да си заминат од функција неказнети.
Граѓаните очекуваат правда и одговорност!
Граѓаните очекуваат законите да важат подеднакво за сите!
Нови Катици и нови специјални решенија по крими теркови му требаат само на Заев за да се надева на трета амнестија!
Македонија тоне од ден во ден со криминалната банда на власт. Граѓаните очекуваат обнова на Македонија. Амнестија за криминалот повеќе не смее да има. Злоупотреба на институциите повеќе не смее да има.
Зоран Заев и СДСМ изгубија драгоцено време за Република Македонија. Зоран Заев и СДСМ истрошија три години за масовен грабеж на земјата.
Следи обнова на Македонија, а одговорност ќе има и за Заев и за секој криминал што го направиле неговите соработници, колку и да се обидуваат да ги опструираат процесите.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот

