ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да ја скандализира аукцијата на хартии од вредност
ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешното соопштение на СДСМ на тема финансии оцени дека опозицијата по секоја цена се обидува да ја скандализира вообичаената аукција на хартии од вредност.
- Тоа го прават во обид да ја манипулираат јавноста, бидејќи само со креирање хаос и сеење магла се научени да функционираат. Да биде иронијата поголема, оваа вообичаена пракса за секоја земја, односно издавањето на државни хартии од вредност е метод воведен од страна на власта на СДСМ во 2004 година. Разликата е во тоа што денес каматата е 2 отсто, а во време на СДСМ таа беше 5,5 пати поголема, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттука, како што се наведува, се поставува прашањето за што ги трошеше парите тогаш СДСМ и кој бенефит граѓаните го видоа од толку скапото издавање на државни хартии од вредност.
- Одговорот е никаков. СДСМ тогаш само ја задолжуваше државата, не градеше нови патишта, нови училишта, болници, детски градинки, не се доделуваа субвенции за земјолделците, не растеа пензиите, социјалната помош и платите, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама
-
Турските власти цел на критики поради недостиг на безбедносни мерки во планинскиот хотел
-
Трамп нареди вработените во службите за поттикнување на различностите да заминат на отсуство
-
Уапсен 23 годишник од Бангладеш кој водел група од 8 мигранти од Непал
-
Туск: Европа има еднакви права да зборува за својата величественост како и САД