ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се мачи да ги убеди граѓаните дека економијата блеска

СДСМ залудно се мачи да ги убеди граѓаните дека економијата во земјава блеска.
СДСМ откако дојде на власт единствено македонската економија ја турна на колена.
Граѓаните ги чувствуваат лошите економски политики на Заев.
Над 500.000 граѓани живеат во беда.
Околу 18.500 граѓани си заминале од Македонија, од кои околу 8.000 не се вратиле.
Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%.
Фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година.
Граѓаните од Заев добија покачена акциза за нафта, поскапо гориво и нула капитални инвестиции.
Сето ова е доволно за распишување на предвремени парламентарни избори и да се каже збогум на Заев и неговата криминална банда.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, реакција на прес-конференцијата на Хари Локвенец
Ново на Сител
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
