Македонија
24. November 2015 - 18:00

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да зборува за загадување на воздухот зашто губи на сите анкети

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конфернеција на СДСМ за загадувањето на воздухот наведуваат дека СДСМ сака да зборува за загадување на воздухот бидејќи губи на сите анкети и имаат рекорден пад на рејтингот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ треба да одговори зошто во нивно време не поставија ниту мерни станици за загадувањето на воздухот, камо ли да преземат некакви мерки за да се намали тоа, а, како што наведуваат,  граѓаните паметат дека загадување на воздухот во градските средини имаше и тогаш.

За разлика од нив, стои во реакцијата, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.

 Посочуват на повеќе активности како изградени и проширени булевари, набавка на нови автобуси, проектот за гасификација. - Оваа Влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што Владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација, се наведува во реакцијата.

Меѓу проектите ги посочуваат и велосипедските пакети во Скопје, електричните возила и мотоцикли, формираниот Комитет за здравје и животна средина, замената на котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта.

Информираат дека во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и дека Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на Ѕниверзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Распишан е тендер за набавка на резервните делови на станиците. Изработена е и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација.

- СДСМ ќе се обидува на секој начин да го покрива рејтингот на нивното неработење кој резултираше со девет последователни изборни порази. Меѓутоа соодносот 24:12 во корист на ВМРО-ДПМНЕ нема да може да го игнорираат, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.