ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ потроши половина од мандатот, а не презеде ништо за подобрување на квалитетот на воздухот

Најрасипничкиот и мегаломански буџет во историјата на Република Македонија предвидува повеќе пари за луксузни автомобили и мебел наместо за подобрување на квалитетот на воздухот.
Високото ниво на загаденост на воздухот во последните неколку недели неколкукратно ги надминува границите на дозволеното. Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, а Зоран Заев и Петре Шилегов не преземаат ништо.
Власта која ветуваше решавање на проблемот со загадувањето на воздухот повеќе од 2 години нема преземено ниту една мерка во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Напротив, Шилегов наместо да работи за граѓаните организира стенд ап настапи за исмевање на сопствената неработа.
Загадениот воздух веќе ги полни болниците, а најпогодени се малите деца, бремените жени, возрасните над 65 години и хронично болните. Високото ниво на канцерогените ПМ 10 предизвикува големи проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи.
Зоран Заев и Петре Шилегов ги излажаа граѓаните. Ветуваа чист воздух веднаш, а поминаа две години и ништо не е преземено. Наместо повеќе пари за животната средина, власта со буџетот за 2019 година ќе потроши 7 милиони евра за луксузни автомобили и мебел.
СДСМ потроши половина од нивниот мандат без да преземат било што во насока на подобрување на квалитетот на воздухот. Токму затоа СДСМ мора да си замине час поскоро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
