ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема ништо исполнето од ветените проекти
Поминаа повеќе од три години откако СДСМ и Заев се на власт, а од ветените проекти немаат ништо исполнето.
Ветуваа целосна грижа за децата, отварање на нови градинки, но граѓаните не добија ништо од тоа.
Пред да дојдат на власта во нивниот таканаречен „План за живот“ ветија градинки во Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен, но градинки во овие места сеуште нема.
Од опозиција СДСМ ветуваа и специјални едукатори во градинки, но и тоа остана нивно празно ветување.
Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт водеше целосна грижа за децата и детската заштита, при што до 2014 имаше изградено 44 детски градинки, а само во периодот од 2014-2016 изгради 21 градинки.
Значаен е и фактот што ВМРО-ДПМНЕ го прошири опфатот на деца од предучилишно образование 27%, а додека СДСМ за нивните 3 години власт го имаат зголемено само за 2-3%.
Доаѓа крајот на погубни политики на СДСМ, и сето ова ќе заврши по 12 Април.
По 12 Април ќе дојде обновата на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе се залага за доброто на сите граѓаните во државата.
Ново на Сител
-
За седум дена санкционирани 215 непрописно паркирани возила во општина Центар
-
Италија без Скалвини на ЕВРО2024
-
Казни за 99 возачи на територијата на Прилеп, 39 биле без возачка дозвола
-
Со МО до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерот Јајага
-
СП: Декларација на ДУИ е дефокусирање на граѓаните и градење лажна надеж кај нивното членство
-
Српскиот претседател Александар Вучиќ прогласи победа на СНС на локалните избори
-
Сеул го суспендира воениот договор со Пјонгјанг поради провокациите со балони
-
Анкета во Грција: Нова демократија ќе биде убедлив победник на евроизборите в недела