ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема капацитет да ја води државата
СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија со СДСМ е тргната по погрешен пат. СДСМ нема капацитет да ја води државата.
Неспобноста на СДСМ се гледа и во првите соработници на Зоран Заев.
Додека во тимот на Зоран Заев се луѓе со криминално минато како Силвио и Сокол, во тимот на Христијан Мицкоски е Борко Ристовски кој на Македонија и има донесено многу гордост, радост и пријатни мигови. Спортист кој го раширил името Македонија низ цела Европа.
Додека во владата со Заев се рекетарите Филипче и Дончев, со Христијам Мицкоски е професорот д-р Сашко Кедев, врвен кардиохирург, кој е и дописен член на МАНУ и визитинг професор на Универзитет во Северна Каролина.
Неспоредливо е да се компарираат Љубе Бошкоски или било кој друг член на тимот на Заев, како Алекс Ружин, Зорица Апостолоска и слични со професорот д-р. Гоце Андреевски, кој своето образование го стекнал во САД и Канада, а моменталтно е визитинг професор на Универзитетот Квинс во Канада.
Неспоредлив е тимот на Заев со тимот на Мицкоски. Заев е опкружен со криминалци, рекетари и подмитувачи, каков што и самиот е. Мицкоски е опкружен со професори, експерти, стручни луѓе, како што и самиот е. Јасна е разликата. Заев и СДСМ заминуваат во историјата. Време е за обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар