ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не сака да дебатира за зголемување на платите во јавниот сектор
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение информира дека денеска Комисијата за труд и социјална политика не ја одржа најавената седница на која требаше да се расправа по Предлог законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија поднесен од пратеници од опозицијата поради неприсуство на пратениците од СДСМ.
Во соопштението наведуваат дека членовите и замениците членови од СДСМ и нивната коалиција не присуствуваа, односно ја бојкотираа работата на Комисијата и оти со тоа јасно покажаа дека не сакаат ниту да дебатираат за зголемување на платите во јавниот сектор.
Посочуваат дека овој закон предвидува зголемување на платите во јавниот сектор за 5 отсто започнувајќи со исплатата на платата за јануари 2018 година.
- Група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ овој закон го поднесе на почетокот на овој месец и истовремено се надевавме дека СДСМ позитивно ќе се изјасни за овој закон бидејќи сметаме дека е од голема полза за многу граѓани во Република Македонија и за подобруваже на животниот стандарт, стои во соопштението.
Додаваат дека наспроти нивните очекувања, очигледно е дека СДСМ смета дека зголемувањето на платите за 5 отсто во јавниот сектор не е од голема важност за граѓаните.
Ново на Сител
-
Спортски настани кои ја одбележаа 2024 година
-
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, соочен со апсење, наведува дека ќе се бори до крај
-
Истрага за пронајдена марихуана во Тетово
-
Мицкоски: Процесот на пристапување во ЕУ со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме
-
НБ: Се зголемува плаќањето со картички и преку мобилни апликации
-
Судски совет утре избира нов претседател
-
Во Тетово фатени двајца избегани од затвор
-
Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување