ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не реализира ниту еден проект во областа на труд и социјална политика
ВМРО-ДПМНЕ смета дека најавеното воведување социјални семејни работници од страна на СДСМ е паушално ветување и водење политика на лажно душегрижништво на маката на граѓаните.
- Ваквите ветувања кои што паушално ги расфрла СДС се редовна пракса за политичка партија која што не реализирала ниту еден проект во своето владеење, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Мила Царовска од СДСМ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е партија која народот ја памети единствено по уништувањето на македонската економија и во чие владеење невработеноста достигнала 38 проценти.
- СДС со својата деструктивна и лажна душегрижничка политика манипулирајќи ги граѓаните, покажува дека воопшто не им е грижа за граѓаните, туку само им е грижа да дојдат на власт по секоја цена за да остварат нивни лични интереси кои воопшто не се во насока на потребите на граѓаните, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ укажува на активностите што ги спровела во изминатиот период, истакнувајќи меѓу другото дека преку политиките за социјална заштита се отворени 32 дневни центри, како и дека е зголемен износот на посебниот додаток на самохрани родители на дете со пречки во развој за 50 проценти, посебен додаток за сите деца со Даунов синдром, како и дека невработеноста се намалила од рекордните 38 проценти на 23,7 проценти, односно се вработени над 160.000 граѓани.
Ново на Сител
-
Уапсен Раде Трајковски-Штекли
-
Синер без проблеми до четвртото коло на Австралија Опен
-
Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција
-
Истрага за обид за разбојништво во Битола
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал