ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не направи ништо за подобрување на здравството

СДСМ ниту знаеја, ниту сакаа да реализираат проект за унапредување на здравствениот систем во Македонија кога имаа можност нешто да направат, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија не направила ништо за подобрување на здравството и здравствениот систем. Во време на СДСМ не била реновирана ниту една амбуланта, не се граделе нови болници, не се поправале медицинските апарати, не се набавувала современа медицинска опрема, а граѓаните плаќале скапи лекови. СДСМ, како што се наведува, кога е во опозиција едно зборува, а кога се на власт не прават ништо или водат бизниси преку здравството.
- Граѓаните на последните избори на 11-ти декември по десетти пат ја поразија деструктивната и манипулативна политика на СДСМ, затоа што можеа да направат разлика меѓу тоа што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го направиле за здравството. Над 455 илјади граѓани гласа за проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше во здравството, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека само во последниот период се реализира инвестициски циклус во здравствена инфраструктура од над 74, 6 милиони евра или над 4,5 милијарди денари. Моментно се градат или реконструираат десет болници во Република Македонија.
- Во македонското здравство се инвестирани над 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема со која сериозно го подигнавме квалитетот на здравствените услуги, се наведува во реакцијата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
