ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се дистанцира од Груби
СДС и Филипче продолжуваат да го играат спектаклот на дистанцирање од ДУИ, и се уште не се извинија на народот бидејќи дозволија Груби да краде а народот да осиромаши, порачаа од владејачката партија.
„Потценувачки и смешен е обидот на СДС и Филипче како и сите нивни маневри за дистанцирање од ДУИ и Груби. Народот не може да биди повеќе манипулиран со евтини обиди на СДС за дистанцирање од ДУИ и токму поради тоа рејтингот секојдневно им се топи и е во слободен пад. СДС беше на власт благодарение на својата сервилност кон ДУИ, СДС беше на власт поради тоа што се однесуваа како слуги на ДУИ. Обидот на СДС да се одржи по секој цена на власт беше основата за коалицијата со ДУИ што доведе до распространување на криминалот и осиромашување на народот.“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила