ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ насилно турка попис среде епидемија
СДСМ пописот што насилно го турка среде епидемија е гаранција за епидемиска бомба која ќе ги чини граѓаните здравје и илјадници загубени животи.
СДСМ и по цена на здравјето и животите на граѓаните сака да спроведе попис.
Во услови кога речиси сите европски земји ги одложија своите пописи, владата на Заев упорно сака да спроведе попис со над 16 илјади активни случаи на заразени и над 3.500 починати од КОВИД-19.
ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека 5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални.
Ако Зоран Заев е спремен и по цена над две илјади изгубени животи да оди на попис, Македонија не е.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Муцунски: Одлуката на САД ќе погоди многу мал дел македонски државјани
-

СДСМ: Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија
-

Средба на координаторите на пратеничките групи во Собрание по вчерашната лидерска средба
-

Новоизбраните членови на Судскиот совет дадоа свечена заклетва
-

Министерството за економија ќе организира средба со угостителите за законот за заштита од пушење
-

Одмаралиштето на Пониква повторно во служба на повредените во „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
