ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лаже и манипулира секогаш, а особено сега по изборниот пораз
ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција на изјавата на Петре Шилегов посочува дека СДСМ лаже и манипулира секогаш, а особено сега, во паника после изборниот пораз.
- Согласно членот 93, став 5 од Уставот на Република Македонија постоечката Владата на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова влада. Следствено на тоа, претседателот на Владата и министрите кои се избрани за пратеници во Собранието на Република Македонија продолжуваат да ги извршуваат своите должности како членови на Влада се до избор на нова влада, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ваков континуитет, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, имаше Владата на која мандатот и престана поради распуштање на Собранието на Република Македонија до изборот на новата влада во 2011 и во 2014 година, каде новоизбраните пратеници како членови на Влада ги извршуваа своите должности согласно Закон за Влада, односно до избор на нова Влада на Република Македонија во 2011 и 2014 година по спроведените предвремени парламентарни избори.
- Ваков континуитет имаше и Владата од 2006 година во која што Владо Бучковски беше и претседател и пратеник, а Радмила Шекеринска учествуваше на седниците на Владата, иако исто така беше избрана за пратеник. Функционерите на СДСМ тогаш ги извршуваа должностите се додека не ги предадоа кабинетите откако беше формирана новата Влада на ВМРО, а тие се преселија во Собранието како пратеници на поразениот СДСМ, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштението наведува дека против Петре Шилегов и СДСМ ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело лажно пријавување.
Ново на Сител
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците
-
Силекс ги почна подготовките
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош