ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ излажа за минималната плата
ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ ги излажала граѓаните бидејќи иако пред изборите им ветувала минимална плата од 16 илјади денари, вчера од партијата рекле дека ќе започнат со минималец од 12 илјади денари. Разликата од ветеното до најавеното за реализација е 4 илјади денари помалку за минимална плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
- На 26 ноември минатата година заменик претседателот на владата Радмила Шекеринска изјави „во нашиот `План за живот во Македонија` предвидуваме зголемување на минималната плата за сите работници низ целата држава до износ од 16.000 денари.” Зоран Заев „цитирам“ наша цел е минимална плата од 16 илјади денари, затворен цитат. Овие 16 илјади денари се претворија во само 12 илјади денари и ветување за скалесто зголемување, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека дополнителна лага е оти ќе давале поддршка на компаниите.
- Тие велат минималецот ќе се зголемел затоа што владата ќе давала поддршка на фирмите од 1.500.000 евра, а наредната година тоа ќе се преполови на 750 илјади евра за компаниите. Притоа не објавија како ќе се делат тие пари. Дали тие пари ќе завршат само за подобни фирми и компании на власта на СДСМ што отвора нов сомнеж за малверзации и сомнителни зделки на Владата. Граѓаните се измамени, не го добиваат она што им беше ветено, рече Данев.
Ново на Сител
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Медиуми: Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка
-
МЖСПП: Засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето
-
Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола
-
Брод на италијанската морнарица пристигна во Албанија со 49 мигранти
-
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии