ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има алергиска реакција на секоја позитивна изјава за Македонија
СДСМ има алергиска реакција на секоја позитивна изјава за Македонија. Во спротивно, ќе прочиташе дека агенцијата Фич има само пофални зборови и за фискалната и за монетарната политика на Македонија, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека она што Фич го гледа како закана за економијата и поради што не го покачи рејтингот е политичката криза во која СДСМ ја втурна Македонија, иако според економските перформанси нашата земја заслужува повисок рејтинг.
- СДСМ нема идеи и проекти за економски развој, туку само за деструкција. СДСМ докажа дека не само што не знае да креира нови работни места, туку знае единствено да брка 200.000 луѓе од работа и да затвора 684 фабрики. Сивата економија цветаше во време на СДСМ. Проневерените милијарди за кои ја задолжи земјата СДСМ ги додаде на контото на нивните транзициски олигарси, стои во реакцијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека денес СДСМ се труди со сите расположливи сили да ја продолжи кризата во Македонија и состојбата на хаос која ја предизвика.
- СДСМ не сака Македонија да оди напред, туку да остане онаму каде што СДСМ ја остави - во економски пустош и безперспективност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот