ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос се едно исто
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Фондацијата Сорос својата активност во земјата ја насочила на узурпирање на невладиниот сектор со цел поддршка на опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев.
- СДСМ и Сорос се едно исто. Дел од истата шема на деструкција и антидржавно делување. Анонимната Фани Каранфиловска, наследничката на Владимир Милчин на врвот од Соросовата инсталација во Македонија, го прави она за што е платена со тешки милиони евра, а тоа е да го продолжи неговиот лик и дело и со узурпација на невладиниот сектор да му врши услуги на СДСМ и да ја узурпира волјата народот, изјави на денешната прес - конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, граѓаните ја видоа деструкцијата на СДСМ-Сорос на дело и ги казнија на избори за, како што посочи, платеничките револуции, нападите врз полицијата, вандализмот и за уништувањето културни споменици. Додаде дека наследничката на Милчин со својата изјава признала дека за се што прават во Македонија нивната централа била запознаена и високо свесна за, како што наведува, штетата која и ја прават на државата.
- Речиси 150 милиони евра од Сорос-Македонија се директно потрошени на корумпирање на македонското општество. Нивниот најголем проект е платеничката револуција чиј производ е огромна штета на државниот и општествениот имот, физички напад врз полицијата и редица други испади, се со цел да се поддржи и помогне аболицираниот криминалец Зоран Заев. Од медиумите видовме дека само во последните две години истата таа претседателка Фани Каранфиловска инкасирала 4.808,567 денари, и тоа во периодот кога таа раководеше со платеничката револуција која удри по институциите, историјата и достоинството на државата, истакна Ѓорѓиевски.
Тој рече дека Фани Каранфиловска не одговорила и зошто огромен процент од европскиот буџет на Сорос оди токму на Македонија, и тоа, вели, по правило секогаш пред избори кога овие, како што посочува, таканаречени граѓански организации добивале поголеми суми, организирале протести, кампањи во кои отворено застанувале зад политички опции.
- Производот од делувањето на Сорос е: целосно корумпирање на граѓанскиот сектор, платеничка револуција која се прогласи за Шарена револуција, платени експерти со наредба без аргументи да критикуваат и напаѓаат, создавање тензии и конфликт, корумпирање на медиумскиот простор и злоупотреба за политички цели, организирање новинарски фабрики, збришување на слободната мисла и злоупотреба на младинските движења за политички цели, рече Ѓорѓиевски на прес-конференцијата.
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка