ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го донесе македонското здравство до состојба на кома
Власта на СДСМ го донесе македонското здравство до состојба на кома. Здравствените институции немаат капцитет да одговорат на основните потреби на граѓаните.
Недозволиво е во Република Македонија во 21 век за еден месец три родилки да ги загубат своите животи во породувања.
Недозволиво е за недела дена четири деца да завршат во кома поради дијабетис. Поради состојбите во нашето здравство овие деца може да имаат трајни последици.
Недозволиво е хигиената во Кличникот Центар во Скопје да биде во толку катастрофална состојба претставувајќи ризик и за пациентите и за нивните семејства. Ова е срам кој не доликува на држава која сака да стане дел од Европската Унија.
Килиничкиот Центар повеќе личи на депонијата Дрисла отколку на институција која треба да пружи највисоки стандарди на лекување.
Недозволиво е во Дебар да е регистриран сериозен број на заразени од морбили, бројка која достигна 20 заболени, а постои ризик бројот на пациенти да расте.
Недозволиво е за сите овие скандали да бидат виновни сите, само не и неспособното раководење на СДСМ во здравството.
За жал ништо од ова не допира до министерот за здравство, кој ја ужива целосната поддршка и заштита од Зоран Заев.
Единствено што го интересира министерот се матните тендери од кои корист имаат само фирмите блиски до врвот на СДСМ.
СДСМ покажа дека не е кадарно да одговори на потребите на граѓаните на Република Македонија. СДСМ само ја интересираат наместените тендери. Најновиот пример во здравството и во фондот за иновации покажа дека во Македонија дојде живот само за блиските до функционерите на власта. Сите останати што чесно заработуваат и редовно плаќаат давачки кон државата всушност ги плаќаат наместените тендери преку кои СДСМ ги испумпува парите на граѓаните.
Токму поради ова сите инволвирани во овие скандали мора да поднесат оставка веднаш!
Одговорност за општиот грабеж кој го спроведува СДСМ мора да има. Правдата во Македонија ќе се врати, а моментот кога тоа ќе се случи ќе одговараат оние кои сториле криминал, но и оние кои го амнестирале. Само така , Македонија ќе победи !
Интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
