ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги покачи даноците и акцизата на нафтата

Целата јавност слуша како лица од врвот на СДСМ блиски до Зоран Заев вршат рекет врз компании и бизнисмени низ Македонија уценувајќи ги за огромни суми на пари.
Дополнително на тоа СДСМ ги покачи даноците и акцизата на нафтата со што сериозно удрија врз грбот на компаниите и ги зголемија нивните трошоци, а тоа пак резултираше со покачување на цените и осиромашување на граѓаните.
Единствени компании кои имаат корист од оваа криминална власт се фирмите на семејството на Заев и врхушката околу него во власта. Откако е СДСМ на власт Заеви ги шират бизнисите со марихуана, камионите им возат за РЕК, а ги имаат и „Герас Цунев“ и „Цареви кули“, додека пак тендерите и грантовите ги добиваат фирмите на вицепремиерот Анѓушев и останатите функционери блиски до Заев.
За тоа колку СДСМ се грижи за компаниите говори и фактот што бројот на бројот на работници во индустријата во месец мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година, а власта во изминативе две години има најниско ниво на реализација на капитални инвестиции што значи помалку работа за компаниите.
Зборот за СДСМ не важи, туку лажи. Оваа криминална власт предводена од аболицираниот Зоран Заев работи само за лична корист врз грбот на стопанството и граѓаните. СДСМ мора да си заминат за стопанството и економијата да одат напред.
Ново на Сител
-

СП 2026: За Белингем најважно е да остане позитивна атмосфера
-

Приведен 16-годишник кој со нож избодел две години помладо момче
-

МВР: Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Шар Планина
-

УХМР: Во Куманово и околината поројни дождови, а невремето се движи од запад кон исток
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
