ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги манипулира вработените во администрацијата
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека СДСМ ја манипулира јавноста, а особено вработените во администрацијата.
- И во изминатата година во која имаа шанса да бидат дел од извршната власт, не понудија ниту една идеја за унапредување на јавните услуги, туку ги блокираа институциите со држење секојдневни прес-конференции со цел ширење дезинформации, навредување, етикетирање и омаловажување на вработените во јавната администрација, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ на тема администрација.
ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, продолжува со позитивен, одговорен и партнерски однос кон граѓаните и компаниите.
- Во програмата „Реално“ е понуден концепт на сервисна ориентираност на институциите преку воведување едношалтерски системи, сали за јавни услуги, општински канцеларии за административна помош, воведување работна сабота и воведување флексибилно работно време. Ваквиот сеопфатен и добро промислен сет од мерки ќе обезбеди широк дијапазон на услуги адаптирани на потребите и можностите на граѓаните, се наведува во реакцијата.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб