ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да покаже одговорност и да го исклучи Дудуш од пратеничката група и од партијата

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ брани и застапува двојни аршини, а изјавата на нивниот пратеник дека членската книшка од оваа партија е втора лична карта во државава е еклатантен пример за партизација, самоволие и непочитување на државата.
- СДС е партија во која лидерот Заев се заканува дека ќе брка од чистачка до министер, а пратеникот им вели дека втора лична карта во државата е партиската членска книшка. СДС им порача на граѓаните дека ако сакаат да се вработат, да земат социјална помош, да им се пружи помош од доктор, да извадат имотен лист или да се запишат на факултет, права кои инаку им се загарантирани со Уставот и законите, мора задолжително да имаат членска книшка од СДС, изјави Костовски Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Посочи дека СДСМ досега не ја осуди и не ја негираше оваа изјава.
Реакцијата на Заев, како што рече, беше половична, амнестирачка и недоволна за големината на ваквото скандалозно признание.
- Ова е голем скандал со кој практично СДС на граѓаните им вика дека партијата всушност е државата. Ова претставува уцена на 2 милиони граѓани. Затоа јавноста бара и очекува реакција од СДС кон нивниот пратеник кој им посочи на граѓаните дека за да може да опстојат во оваа држава мора да имаат членска книшка од СДС, рече Костовски.
Тој истакна дека СДСМ мора да покаже одговорност и веднаш да го исклучи Дудуш од пратеничката група и од партијата, а во спротивно, како што рече, ќе сметаат дека целосно се согласуваат и го поддржуваат неговиот став.
Костовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека надлежните инстититуции се подготвени за претстојните локални избори.
Ново на Сител
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка: Уапсен насилник во Кисела Вода
-

Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа
-

Најстудено утрово во Лазарополе
-

ВМРО - ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, за колку СДСМ го продаде името?
-

Кина преговара со Иран за безбедно минување на нејзините бродови низ Ормускиот теснец
-

ИДФ ги нападна јужните предградија на Бејрут, луѓето масовно бегаат
-

УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца
-

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран
