ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бега од соочување со граѓаните

СДСМ веќе трета недела бега од предвремени парламентарни избори. СДСМ и аболицираниот Заев бегаат од соочување со граѓаните. Бегаат од истите оние 1,2 милиони граѓани чија волја не ја испочитуваа по неуспешниот референдум за промена на уставното име, идентитетот, јазикот и историјата. СДСМ упорно бега од гневот на граѓаните за неостварените ветувања и разочарувањата кои тие им ги сервираа на своите гласачи.
Стравот на криминалната и одродена власт од волјата на граѓаните е разбирлив со оглед на пустошот кој за само две години го направија во нашата Македонија. Стравот е огромен поради неостварените ветувања за петстотини евра просечна плата, решение на проблемот со аерозагадувањето кое годишно зема илјадници животи, враќање на младите назад во државата, поголеми пензии и таканаречено едно општество за сите.
Од просечната плата од 500 евра нема ни трага ни глас, главниот град Скопје редовно е во топ десетте најзагадени градови во светот, повеќе од 80 проценти од младите сакаат да ја напуштат државата, растот на пензиите е замрзнат, а наместо едно општество за сите, македонското општество никогаш не било по поделено. Единствено нешто во кое СДСМ ги обедини граѓаните е сиромаштијата, со оглед на фактот што над 400 илјади граѓани живеат со по еден оброк дневно. Граѓаните се осиромашени со погубните политики на власта и економија кога е во слободен пад, зголемени давачки кон државата, пазарџии оставени без своето парче леб.
На граѓаните им е доста од црнилата олицетворени во власта на аболицираниот Заев., граѓаните ја чекаат зората, чекаат подобро утро. Граѓаните се погласно бараат реални политики и решенија за нивните проблеми, на местото на лагите и манипулациите сервирани од актуелната власт. Зората доаѓа, зората која ќе ги порази црнилата, зората која ќе го испрати Заев и неговата тајфа тразнициони политичари на маргините на историјата, стои во соопштението испратено од ВМРО - ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
