ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Данела Арсовска, Левица и ДУИ се главните продуценти на хаосот во Скопје
Коалицијата на СДС со Данела Арсовска, Левица и ДУИ се главните продуценти на хаосот кој му се случува на Град Скопје. СДС и ДУИ кои поинаку и не знаат да работат под своја контрола си ја зедоа Арсовска, а на помош им дојде и Левица во урнисувањето и безредието во Скопје.
Нула работа и еден куп стопирани проекти, долгови и матни тендер зделки е сликата која ја создава оваа крими коалиција, а за жал сето тоа оди на штета на скопјани, но и на цела држава.
Наместо реализација на ветувањата и проекти за подобар град, скопјани на товар добија криминални тендери договарани на тајните средби на Тачела коалицијата. А дека функционира оваа коалиција јавноста се увери кога Ковачевски јавно застана во одбрана на Арсовска синхронизирано користејќи истите нејзини тези. Додека пак Ковачевски е нападнат, Арсовска излегува со лаги за дефокус на јавноста.
Наместо бесплатен превоз, скопјани добија се поретки автобуси, но затоа Арсовска и Ковачевски си договорија криминален договор за набавка на нафта од неколку милиони евра без рабат и попуст какви имале сите претходно договори. А покрај тоа се трошат и милионски суми за консултантски услуги.
Од овој колач се офајдуваат и ДУИ и Левица кои им помагаат во нефункционирање на градот и кои глумат дека стојат на страна, а всушност се дел од коалицијата која го создава хаосот. Левица и ДУИ ништо не прават за добро на градот, напротив помагаат истиот да се уништува.
Доказ за оваа коалиција се и директорските места кои ги споделуваат заедно со ГРОМ.
Директор на ЈП Паркови и зеленило е Зухјер Реџепи од ДУИ.
Директор на ЈП Улици и патишта е Саид Саид од ДУИ.
Директор на Градска библиотека Браќа Миладиновци е Снежана Стојчевска од Левица.
Директор на КИЦ е Антонио Димитров од Левица.
Директор на Музеј на Град Скопје е Панче Велков од Левица.
Заменик директор на Градски паркинзи е Сенада Ибраимова од Левица.
Директор на Градски паркинзи е Крсте Петровски, инаку генерален секретар на ГРОМ, а заменик градоначалник е Александар Трајановски исто така од ГРОМ.
Додека директор на ЈСП Александар Стојковски од СДС, партијата која има целосна контрола над Арсовска и градот.
Ова се кадрите со кои Арсовска го создава хаосот, а впрочем доведена е во прашање и нејзината деловна способност. Наместо деструкција, кочење, матни тендери, најдобро е Арсовска да си даде оставка за да дојде градоначалник кој ќе го извади Скопје од бездната во кој Тачела коалицијата го втурна.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
-

Димитриевски за Изборниот законик: Многу подобро е да донесете нешто, отколку да не донесете ништо
-

Мицкоски: Трговците со зголемени маржи ќе бидат предупредени, анализата на 600–700 производи е во завршна фаза
-

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
-

Јаневска: Неправилностите во работењето ќе значат одземање акредитации за високообразовни институции
-

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
