ВМРО-ДПМНЕ: СДС прави спротивно од она што им го ветуваше на граѓаните

Остварувањето на основните човекови права не треба да зависи од тоа дали некој е или не е член на СДС. СДС едно ветуваше на граѓаните пред изборите, а сега прави нешто сосем спротивно, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, посочувајќи дека пратеникот на СДСМ Курто Дудуш на граѓаните им порачал дека може да стигнат до основните свои права само доколку имаат нивна партиска членска книшка.
- СДС со ова прави дискриминација на граѓани од прв и втор ред. Сите оние кои не се членови на СДС значи дека не може да стигнат до основните права во државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на ваквото прекршување на демократските принципи во нашата држава, наведува ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата во соопштението пишува и дека по еден месец од владеењето, СДСМ ги преполнил министерствата и Владата со некомпетентни партиски кадри и кадри на Сорос.
- Под државна капа СДС ги стави соросовците Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други кои беа дел од таканаречената шарена револуција, која причини огромна материјална штета на објектите, мостовите и спомениците во градот Скопје. Граѓаните на Република Македонија не сакаат и не заслужуваат партиска држава каде што членовите на СДС и некомпетентните и неискусни деструктивци ќе бидат привилегирани и плаќани од буџетот кој го полни народот, навдува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
