ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Лазар Петров ја оставија Демир Капија без прeчистителна станица

СДС и Лазар Петров ја оставија Демир Капија без прeчистителна станица, кратат на асфалт и материјали кај стигнат.
СДС ја ветуваше прeчистителната станица во Демир Капија како едно од главните ветувања, неколку години подоцна ни трага ни глас.
Демир Капија е лоцирана во непосредна близина на прометниот коридор 10, и со години СДС ветува автобуска станица, и никако да исполни, лага до лага.
Не само што не можат да ги исполнат крупните ветувања, не можат да реализираат ниту одбележување на пешачки премини како што треба, па дури и сообраќајните знаци низ градот не се соодветно поставени.
СДС и Петров ветија изградба на на спортско игралиште во Демир Капија, и не исполнија.
Демир Капија со СДС и градоначалникот Петров тоне. Нема проекти, нема иднина за граѓаните, но затоа роднините на функционерите профитираат на се. Наместо да реализира некој проект, директорката на основното училиште поставена од СДС и Петров дала на сопствениот сопруг да постави кафемат во училиштето со кое раководи, тоа е СДС да профитираат секаде каде можат, па и на кафемати во училишта.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
