ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ќе не носеа во Европа, а сега без пасош ниту од нивната "Северна" не може да се излезе

СДС и ДУИ ќе не носеа во Европа, а сега без пасоши ниту од нивната "Северна" не може да се излезе.
На народот му натурија решенија кои го однесоа во ќорсокак. Спасовски и Ковачевски, свесно го ставија народот во трошок, даваа лажни изјави, дека ќе важат личните карти и возачките дозволи, иако знаеа дека според договорот, кој го потпишаа, истите ќе важат само до февруари 2024-та година.До пред еден месец лажеа дека граѓаните нема да плаќаат казни, доколку имаат возачки дозволи со Република Македонија, за завчера да мора на итна седница, во Собранието да се донесат законски измени поднесени од Министерот за внатрешни работи, за да се заштитат граѓаните.
ЈО и Народниот правобранител, треба веднаш да поведат постапка против Спасовски и Ковачевски и владата во целост, која го довела целиот народ во заблуда и материјално го оштетиле.
Основните човекови права се загрозени и само заради власта во заминување на СДС и ДУИ, голем број на граѓани не можат слободно да се движат надвор од Република Македонија, а да не беа законските измени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во целост ќе беше блокиран и внатрешниот сообраќај во државата.
На овие неодговорни кон својот народ и криминални политичари, мора да им се стави крајот, а тоа ги чека на 8 мај, тежок пораз од страна на граѓаните, а потоа следува одговорноста, која нема да изостане.Затоа народот вели дека државата е одземена. Никогаш не се живеело полошо.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут
-

Обвинителство отвори истрага против три лица за криумчарење штетни средства за лекување, за сопственичка на салон за убавина бара мерки за претпазливост
-

Нетанјаху загрижен поради евентуални американски отстапки во преговорите со Иран
-

Шкендија Тетово и Силекс се финалисти во Купот на Македонија
-

МВР: Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило
-

Четири лица се лишени од слобода, седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Нападнат француски брод во Ормуската Теснина, има повредени
-

Рокас: Северна Македонија припаѓа на европското семејство и сме поблизу до таа цел отколку што мислиме, потребен е прагматизам и обединување
