ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се фокусира на градење, наместо на уривање
ВМРО-ДПМНЕ со внимание ги следи изјавите на разни функционери на СДС кои најавуваат отстранување на спомен обележјата на дејци од македонската револуционерна борба за слобода како и други познати личности од Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ укажува дека политиката на пресметка или обид за собирање на политички поени на СДС преку отстранување на спомениците на композиција на светица која за време на својот живот била и добитник на Нобелова награда за мир, скопјанката Мајка Тереза или преку отстранувањето на обележјето на македонскиот војвода Андон Јанев Ќосето, близок и многу доверлив соработник на Гоце Делчев, Даме Груев и Христо Татарчев, личност која сериозно го ризикувал својот живот за целите на македонската револуционерна борба за слобода, ќе биде чекор кој ќе внесе негативна енергија и нов раздор во македонскиот општество.
ВМРО-ДПМНЕ им порачува на СДС да се фокусира на градење наместо на рушење, на создавање наместо на уништување и на решавање на проблемите на граѓаните. Секојдневното говорење за реформи нема да и помогне на Македонија, ако наместо спроведување реформи владата остане фокусирана на рушење и уништување.
ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста и дава јавно ветување дека се што СДС ќе сруши и уништи од она што е создадено веднаш по враќањето на власт ќе биде обновено и вратено таму каде што било и такво како што било и ќе биде покрената одговорност за секој кој сега ќе учествува во разни рушења, уништување или преместувања и слично.
На 4 септември 2016 година, вон делегацијата на Република Македонија предводена од претседателот Иванов, во Ватикан на чинот на прогласување на Мајка Тереза за светица беа поканети и присутни, Зоран Заев и Никола Груевски. Како е можно Зоран Заев да изразува почит на светата Мајка Тереза со одење во Ватикан на тој ден, а веднаш откако стана премиер, веднаш по доаѓањето на власт да застане зад рушењето на речиси доведената при крај градба на споменична композиција на светицата и добитничка на Нобелова награда, почитувана во целиот свет независно на вера и нација.
Како е можно на 23-ти октомври да се положува цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, а војводата преку кој Гоце Делчев ја реализирал својата револуционерна борба да сакаат да го отстранат.
Нарекувањето убиец на Андон Јанов Ќосето е навреда и понижување за сите учесници во македонската револуционерна борба во сите нејзини фази за борба за слобода, вклучувајќи ја и НОБ. Револуционерната борба за слобода било каде и било кога не се остварувала само со пишување декларации и натписи, туку и со оружје во рака и ризикување на сопствениот живот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило
-
Уапсени две лица кои ограбиле автомобил во Карпош
-
Вонреден инспекциски надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
„Внимавајте“, Народна банка со предупредување до граѓаните
-
Обвинителството изврши увид во Куманово, едно од запалените возила е на јавен обвинител
-
Приведен криумчар на мигранти
-
Опожарени возила и фотокопирница во Куманово
-
Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година