ВМРО-ДПМНЕ: СДС дa каже, како Ковачевски се најде во афера од 26 милиони евра

СДС дa каже, како Ковачевски се најде во афера од 26 милиони евра, со тие пари може да се обезбеди струја за сите училишта и градинки.
Фирма основана од Ковачевски земала и државна помош кога фирмите на обичните граѓани кои не се СДС затворале и ставале клуч на врата.
Фирмата основана од Ковачевски откако тој станува премиер влегува во инвестиција во фабрика од 54 милиони евра во ТИРЗ Тетово.
Ковачевски наместо да бега, треба да даде одговори, и да понесе одговорност.
Во однос на претседателот Мицкоски, тој нема удел во хидроцентрали, тоа го потврди и нивната ДКСК.
СДС да не лаже, Мицкоски нема удел во хидроцентрали, тоа го потврди и нивната ДКСК.
Имено ДКСК во ноември 2019 година, утврдила дека не постои судир на интереси и предметот за кој СДС обвинува е затворен.
Втор доказ е одлуката на граѓанскиот суд од април 2022, каде е констатирано дека СДС со намера да наштети на честа и угледот на Христијан Мицкоски, а со изнесување на невистини на нивната официјална страна на фејсбук.
Претседателот Мицкоски е 5 ипол години жртва на црна кампања на СДС, ако имаше било какви удели тој немаше да шета слободен.
Ако најдат струја која е на Мицкоски слободно да ја одземат, таква струја нема.
СДС немаат ништо, освен лаги и манипулации со кои ја замајуваат јавноста од тоа како нивниот претседател е во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра. СДС освен лаги, манипулации и криминал не знае за друго. Затоа одговорност и оставки.
Ново на Сител
-

Денеска се одбележува Светскиот ден на срцето
-

Од 1 до 30 октомври 2026 продолжување на правото на студентска стипендија
-

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
-

Во Собранието продолжува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Словенија
-

Трамп: САД многу брзо ќе победат во војната со Иран
-

Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници
-

Променливо време со ниски утрински температури
