ВМРО-ДПМНЕ: Прогонот против почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е политички мотивиран
Македонија е заложник на „Кацарска судството“ кое целосно е ставено во функција на Зоран Заев, единствениот политичар во Европа кој е аболициран за тежок криминал. „Кацарска судството“ ги погазува правдата и демократијата во земјава и спроведува политички прогон на неистомислениците на картелот предводен од Зоран Заев.
Прогонот против почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е политички мотивиран од страна на актуелната криминална и ненародна власт. Криминалниот картел на Заев преку политичката Хајка против Груевски сака да ја дефокусира јавноста од промената на името преку амандманската расправа за промена на Уставот и катастрофалниот ребаланс на буџет, која ја отсликува неспособноста на власта.
Партиското „Кацарска судство“ во срамен и монтиран случај го осуди Никола Груевски за непостоечко дело, додека Зоран Заев ја ограбува државата и ги продава името, идентитетот, јазикот, традицијата, историјата.
На сите веќе им е јасно дека ваквиот политички прогон и монтирани судски случаи се единствено за да може Зоран Заев и СДСМ зад задтворени врати далеку од очите на јавноста, ги носи амандманите за промена на Уставот со што целосно ќе го спроведе договорот од Преспа и ќе избрише се што е македонско.
За партиското и клиентелистичко судство и обвинителство не важат докази, ниту аргументи, туку слепо спроведуваат нарачки на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Правната држава и демократијата во земјава не постојат, а заробените институции целосно се во служба на Заев и заштита на криминалот и злото кој тој и неговите пајташи и го нанесуваат на Република Македонија.
Одлуката на Кривичниот совет итно и без разгледување да ги одбие жалбите на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е преседан кој се нема случено во демократскиот свет и доказ дека судиите се партизирани од страна на Заев и СДСМ.
Заев преку оваа срамна одлука испраќа порака против сите политички неистомсленици дека доколку се обидат да му застанат на патот, во истиот момент ќе станат жртва на политичкиот прогон кој го спореведува преку партизираното „Кацарска судство“.
Додека партискиот суд му го чисти патот на Заев во продажбата на државните и национални интереси, државата се повеќе тоне, економијата се наоѓа на дното, граѓаните живеат во беда како никогаш досега.
Државата повеќе не смее да биде заложник на оваа криминална власт. Граѓаните на Република Македонија се свесни за криминалите на власта. Македонските граѓани јасно дадоа до знаење дека не се согласуваат со каитулацијата која ја спроведува Заеви затоа многу скоро ќе го казнат за ова зло кое и го нанесува на Македонија. На крајот граѓаните и Македонија ќе победат!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово