Македонија
21. February 2024 - 19:28

ВМРО-ДПМНЕ: Професорката Силјановска Давкова единствена кандидатка за претседателка на Македонија

Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека крајниот рок за поднесување на пријава истекува денес.

На истиот се пријави проф. д-р Гордана Силјановска Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати.

Гордана Силјановска Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

Таа е актуелен пратеник во Собранието на РМ.

За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на РМ која ќе се одржи на 02 март 2024 година.

ВМРО-ДПМНЕ