-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Професионални војници се избираат во партиска организација на СДС во Арачиново
-->

Скандалозна е објавата на општинската организација на СДС во Арачиново со која ги повикуваат да се јават во партиската организација жителите кои сакаат да се вработат во Армијата како професионални војници. Ова е срам за Македонија како членка на НАТО. Според кои стандарди на НАТО се врши ваков избор на професионални војници во партиска организација?
Тоа што вчера јавноста го дозна беше само кулминација на тоа што СДС и ДУИ го правеа изминатите 5 години. Максималната партизација во секоја институција ја донесе државата до ова дереџе.
За ваквата пракса за партиски избор во АРМ сигурно знаеле и дезертерот Ковачевски и Миле Зечевиќ и министерката Славјанка Петровска и во најмала рака за ваков срам ќе имаше оставка уште вчера.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
