ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за изградба на новиот клинички центар блокиран
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека новата Влада на СДСМ продолжува со политиката на блокирање, уривање и укинување на проектите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што се наведува, ги заврши или почна да ги реализира во предходниот мандат.
- Наместо да почне изградбата на новиот клинички центар „Мајка Тереза“ за кој беше и потпишан и договор за почеток на изградба со градежните компании, СДС и Заев измислувајќи разни изговори, решија овој капитален проект од витално значење за државата, да го блокираат и замрзнат, изјави денеска во кругот на Клиничкиот центар, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
Посочи дека директно се блокира изградбата на капитален проект во македонското здравство со кој требаше да се подобри здравствената услуга, да се обезбедат подобри услови за работа на медицинскиот персонал и да се подобрат капацитетите на целокупниот здравствен систем во државата.
Според неа, министерот за здравство Арбен Таравари целата своја енергија ја троши на поставување на тријазични табли, но не и на конкретни проекти во здравството.
- Проектот за изградба на новиот клинички центар „Мајка Тереза“ финансиски беше подржан од Европската инвестициска банка при Советот на Европа и изготвен во соработка со меѓународните консултантски тимови од експерти од Шпанија, Германија и Грција. Секој обид на СДС да манипулира и да ја замајува јавноста за овој проект е оспорување на долгогодишна работа со нашите меѓународни партнери, додаде Стојаноска.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево