ВМРО-ДПМНЕ: Прекинете ја постапката за попис на населението
Во услови на пандемија и кризна состојба во Македонија, Заев е решен да спроведе попис.
Целта му е само една – реалзирање на меѓупартискиот договор.
Здравјето на граѓаните воопшто не му е во фокус.
Заев не гледа дека сите земји ги одлагаат пописите, ниту ги слуша препораките на Евростат кои велат - внимавајте пандемија е, не е време за попис.
Сепак, владата Владата, одлучно, со целиот капацитет кој го нема, ќе спроведува попис на населението!
Во вакви епидемиолошки услови пописот треба да се стопира!
Опасноста од спроведување попис е голема!
Невакцинирани попишувачи ќе значат масовно ширње на вирусот и потенцијални 2400 жртви само од пописот, а според проценките ќе се инфицираат околу 50 илјади лица.
Не успеаја да набават ниту вакцини, па барем попишувачите кои ќе одат од дом во дом да бидат вакцинирани.
Доколку имате малку памет, прекинете ја постапката за попис на населението.
Ќе дојде време кога ќе одговарате за сите постапки, а најтешки се загрозувањето на животите и здравјето на граѓаните на Македонија.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
