ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за ваучери за компјутери за студенти е реален и издржан
ВМРО-ДПМНЕ предложи предлог-закон за издавање вредносни бонови - ваучери за купување компјутер за редовни студенти од семејства со ниски примиња, како и за лица со посебни потреби кои студираат на некоја од високообразовните установи во Република Македонија.
За предлогот, за кој вчера соопшти Драган Данев, денеска Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ исто така посочи дека ќе им ги подобри условите за студирање на оваа категорија студенти. Очекува пратениците од СДСМ да го поддржат нивниот предлог.
Можноста за набавка на компјутер со овој предлог би ја имале редовни студенти од семејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, односно 45.344 денари нето приход и кои првпат се запишани во трета и четврта година на студии во Македонија.
- Доколку СДС се однесува како одговорна власт и ги стави во преден план потребите на студентите, а не партиските потреби, тогаш ќе го усвојат овој предлог-закон. Овој наш предлог е реален, издржан, конструктивен и аргументиран, и кога ние бевме на власт ние го реализиравме, што значи дека кога СДС би имал искрен однос кон студентите и би имал волја за помош, би требало да го поддржи овој закон, рече Ласовска.
Ново на Сител
-
Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово
-
Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца
-
ЦУК: Активни девет пожари, под контрола четири
-
Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките Орман до Мирковци и на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка
-
Лондон и Париз ќе ги координираат нуклеарните сили за одвраќање на Русија
-
Трамп: Царини од 50 проценти за бразилските производи како поддршка за поранешниот бразилски претседател Болсонаро
-
САД повторно испраќа оружје во Украина по еднонеделна пауза
-
Посвежо со пониски максимални дневни температури