ВМРО-ДПМНЕ предлага посебна Комисија за справување со Ковид-19
Формирање на специјална Комисија за справување со корона пандемијата, но и за сите идни епидемии или пандемии, предлага опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дознава Сител. Ова независно тело според партијата треба да биде составено по предлог на Владата, но избрано од Собрнаието. Комсијата, според предлогот до кој дојдовме треба да биде составена од 11 члена, во која по функција членуваат министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи.
Останатите членови се: 3 инфектолози, 2 епидмеиолози, 2 микробилози, 1 имунолог и 1 интернист. Комисијата одлуките треба да ги носи со мнозинство гласови од членовите, а препораките кои ќе ги даде треба да бидат задолжителни за државните органи.
Мандатот на комисијата според предлогот на опозициската партија треба да трае 6 месеци по завршувањето на епидемијата или пандемијата, а надоместокот за кој ќе работат нејзините членови да го одредува Владата.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ стигнува само ден откако по нејзиното барање беше одложена расправата во Собранието по законот за заштитана населението од заразни болести во кој се наоѓаат дел од владините здравствени мерки за справување со КОВИД 19.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни