ВМРО-ДПМНЕ: Правосудните органи не работат согласо закон, туку по диктат на власта
СЈО и правосудните органи се ставија целосно во функција на хунтата на Зоран Заев и наместо да постапуваат согласно закон тие служат само за политичка пресметка со неистомисленици.
Апсурдните упади во домовите се класична форма на политички притисок и заплашување на секој кој не ги поддржува деструктивните политики на СДС. Тие имаат за цел кршење на било каков отпор по однос на антидржавните политики кои ги реализира Заев.
Активностите на СЈО секогаш служат за создавање димна завеса и дефокус на јавноста од реалните проблеми на граѓаните, со што медиумите под контрола на власта наместо да известуваат за катастрофата со која што се соочува државата и граѓаните, добиваат коска во форма на монтирани политички случаи на СЈО и судството под контрола на хунтата.
Со доаѓањето на хунтата на власт правосудните органи не работат согласно закон, туку по диктат на власта. Не се почитуваат Уставот, законите и процедурите, а правосудните органи станаа обична алатка за политички прогон.
На удар на киднапираното судство се само членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и искрени патриоти кој си ја сакаат државата. Сите незаконски постапки во иднина ќе бидат ревидирани, а секој што слепо извршувал политички наредби наместо да го почитува законот ќе биде соодветно санкциониран.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
