Македонија
5. November 2016 - 17:01

ВМРО- ДПМНЕ повторно со барање за оставка на Спасовски

Криминално полициската местенка на Диме Спасов е потврда дека структури на МВР под команда на министерот од СДСМ прават местенки во функција на политичка кампања, обвинува владејачката партија. Спасовски вчера не излезе пред јавноста да објасни зошто лажеше дека криминалци не го бркале Спасов и зошто како што велат по цела една недела нема покренато никаква истражна постапка за алфите кои вперија пиштол во главата на министер кој бегаше од осудени криминалци. ВМРО ДПМНЕ бара од Спасовски да си даде оставка  за овој срам кој го нанесе на полицијата, бидејќи граѓаните се уверија дека станува збор за насилен напад од лица со криминални досиеја.

Наместо  Спасовски , вчера на прес конференцијата зборуваше неговиот портпарол инаку екс новинар Тони Ангеловски. Тој според порталот курир по партиска заслуга е вработен  и унапреден од Спасовски во државен советник на министерот за односи со јавност. Ангеловски е последен во низата скандали на СДСМ пишува Курир. Порталот открива дека портпаролот бил фатен како под дејство на огромно количество алкохол управувал возило сериозно загрозувајќи ја безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Тој  се прикривал од органите на прогонот, правдајќи се во голем број наврати дека е дел од кабинетот на министерот, иако според датумот кога е издадена наредбата Спасовски не бил на таа функција, пишува Курир.

Случајот Спасов кој беше искористен за брутална негативна кампања од медиумите под контрола на СДСМ покажува битен брак и заедништво меѓу  криминалот и раководството на СДСМ пишува КУрир. Јавноста го памети случајот со Крпач кој се самоуби, кој според познавачите на состојбите беше резултат на притисоците на полицијата и СЈО и заплашувањата кои тој ги добивал. Потоа случајот со поранешниот шеф на тајните служби Мијалков кој беше следен од луѓе на  СЈО, случајот со Чаушот кој фалсификуваше пасоши кои подоцна СДСМ сакаше да ги прикаже како наводен изборен криминал. Од ВМРО ДПМНЕ сметаат дека Спасов не е последен бидејќи има информации дека вакви местенки се подготвуваат и за други функционери од ВМРО ДПМНЕ.

Дарко Јаневски во својата последна колумна порачува дека сите треба да се чуваат бидејќи ваквите местенки можат да се применуваат понатаму и на обични граѓани кои притоа плаѓаат данок на оваа држава која не е способна да ги заштити. Според него во ред е дека политичарите треба да прават  се што треба за да не бидат искарани од странскиот премиер и неговиот заменик во оваа држава, но границата е веќе одамна помината порачува Јаневски .

-Не знаете кога некој може да ви исценира инцидент – во продавница, на семафор, на натпревар… Знаете, она во стариот стил – што ме гледаш, бе! Сељачишта, криминалци, бандити, денес лесно се наоѓаат. И потоа медиумската комуњарска банда поддржана од слободарските странски амбасади, сето тоа пропагандно да го филува. До степен што со уши да си го покриваш очите и лицето од срам, бадијала е. Се разбира, целата шема не би случила да немаме две министерства за внатрешни работи. Kако што имаме две обвинителства, како што имаме трка за создавање двојни судови, оние регуларните и оние што ќе ги исполнуваат желбите на странците преку СЈО и како што, впрочем, имаме две, а можеби и три влади. Kојзнае, наскоро можеби ќе имаме и референдум: На кое МВР сакате да му пристапите, со право да склучите сојуз и со другото МВР? Со дообјаснување – референдумот треба да ви помогне за да знаете кому да се јавите ако, на пример, ви го ограбат станот? На 192 или на 192 цртичка 1. Во секој случај,ова двојство кај полицијата сега веќе станува опасно за живот. И тоа треба да си го решат премиерот на Македонија од САД, неговиот заменик од ЕУ и четирите политички партии. Ете им го и Јоханес Хан, нека си го викнат и него, па нека прават што ќе прават, ама две министерства и два припадника на „алфите“, од кои едното министерство и едните „алфи“ трчаат по заменик-министерот заедно со криминалците од Арачиново или од каде се веќе, таа работа не ја бива.

Јаневски прашува што ако во целата таа трка по Диме Спасов некој погинеше каква полза ќе имаше тогаш дури и самиот СДСМ од местенка на заменик министер за труд и социјална олитика во држава како Македонија.