ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го поднесе Предлог законот за намалување на акцизите за горивата
– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ најави дека во текот на денешниот ден до Собранието повторно ќе го поднесе Предлог законот за намалување на акцизите, со кој се предлага 50 отсто намалување на акцизите за бензинот и дизелот, како и 100 проценти намалување на акцизите за течниот природен гас.
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, граѓаните и стопанството за секој наточен литар гориво плаќаат енормно високи цени при што во моментов еден литар дизел гориво чини 99 денари, бензин 98 чини 92,5 денари, додека бензин 95 е 90,5 денари.
Тој вели дека со прифаќање на овој предлог закон граѓаните ќе плаќаат поевтино 11, односно 13 денари за литар бензин и 8, односно 9,5 денари поевтино за литар дизел гориво.
– Точно е дека Владата не може да влијае на цената на светските берзи, точно е дека Македонија нема нафтени полиња, но исто така точно е дека власта доколку сака може да влијае врз давачките кои ги плаќаат граѓаните и стопанството. Ја повикуваме власта да се фокусира на решавање на проблемите на граѓаните и да го прифати овој наш Предлог закон и наместо парите да ги троши на бифтеци и сомнителни тендери, тие средства да останат кај граѓаните и компаниите со цел полесно да ја надминат кризата, рече пратеникот Јаревски презентирајќи ја оваа нова предлог – мерка која смета дека реално ќе биде од помош за граѓаните и компаниите.
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок